Луческу остана без пет милиони долари заради војната во Украина
Тренерот на Динамо Киев, Романецот Мирчеа Луческу одеднаш западна во големи финансиски проблеми.
Имено, Романецот поради војната во Украина не може да располага со сметките во тамошните банки, односно пристап до најмалку пет милиони долари, јавуваат локалните медиуми.
Во Украина има строги ограничувања за финансиските трансакции, па Луческу во блиска иднина нема да може да смета на тие пари. Луческу има годишна плата од два милиони во Динамо, но поради моменталната ситуација мораше да се врати во Романија.
Тој има договор со клубот од Киев до летото 2024 година, но останува да се види дали ќе биде раскинат.
Интересно, Луческу своето име го изгради во Шахтјор Доњецк, клубот кој беше најтешко погоден од војната меѓу Украина и Русија, а неколку години подоцна реши да го преземе својот најголем ривал.