Мади Камара од Олимпијакос е замената за повредениот Вајналдум во Рома
Рома ќе се засили со уште еден нов играч. „Џалоросите“ ќе го привлечат играчот од средниот ред на Олимпијакос, Мади Камара. Тој доаѓа на „Олимпико“ да го замени повредениот Жоржињо Вајналдум.
Камара (25) денеска ќе биде подложен на медицински прегледи. Рома ќе го земе на позајмица за 1,2 милиони евра и има опција да го купи за 12 милиони евра по крајот на сезоната.
Гвинеецот се очекува да биде најновото засилување на „волците“. Пред два дена потпишаа со Андреа Белоти, а претходно Жозе Мурињо го засили својот тим со Пауло Дибала, Немања Матиќ, Зеки Челик и Миле Свилар, трошејќи само 7 милиони евра за нив.