Мадридските клубови го сакаат Ромеро за следната сезона

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се подготвува да влезе во битка со Атлетико Мадрид за потписот на играчот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, бидејќи во Реал планираат да ја реновираат својата одбранбена линија.
Интересот на Атлетико Мадрид за играчот датира одамна, но сега се чини дека ќе мора да се справат со својот градски ривал.
Според „Сан“, новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е „голем обожавател“ на Ромеро и сака тој да биде дел од новата одбрана на „Сантијаго Бернабеу“.
Се очекува Ромеро да му се придружи на Трент Александар-Арнолд во почетниот состав, а вториот ќе пристигне во лето како слободен играч откако го напушти Ливерпул.
Чаби Алонсо ќе го преземе Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, бидејќи Карло Анчелоти ја напушта својата функција за да ја преземе бразилската репрезентација.