Мадрид доби улична Формула 1 трка по 45 години

Шпанската престолнина Мадрид и Светската автомобилска федерација (ФИА) потпишаа договор за соработка до 2035 година. Трките во Формула 1 на тој начин ќе се вратат на улиците на Мадрид по 45 години.

Од 2026 година Шпанија ќе биде домаќин две трки во првенството на Формула 1, бидејќи Каталонија е редовна локација од 1991 година.

Во вторникот, извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали и градоначалникот на Мадрид, Хосе Висенте де лос Мосос, пред медиумите го претставија планот за трката во Мадрид. Позната е и рутата по која ќе возат болидите.

Трката ќе се вози недалеку од центарот на градот, патеката ќе минува и покрај некои познати градби од историска важност, што ќе додаде дополнителен шарм на овој спектакл.

Патеката ќе биде долга 5 километри, ќе има 20 свиоци, а идејата на организаторот е да обезбеди капацитет за 140.000 луѓе.