Макаби со отказ за тренерот Сферопулос
Гркот Јанис Сферопулос не е повеќе тренер на кошаркарскиот клуб Макаби од Тел Авив.
Тој доби отказ од клубот после елиминацијата во полуфиналето од домашниот Куп, каде Макаби беше поразен од екипата на Хапоел, со резултат 80:90.
После натпреварот, навивачите на Макаби го изразија своето незадоволство од поразот, при што беше избегнат и инцидент бидејќи дел од публиката сакаше физички да ги нападне тренерот и играчите.
Јанис Сферопулос беше тренер на Макаби од Тел Авив од 2018 година, а претходно ги водеше грчките екипи Олимпијакос и Паниониос.