Македонија без Стоилов на гостувањето во Алборг

Репрезентацијата на Македонија нема многу за славје после големата победа над Данска, веќе во недела треба да им гостуваме на Данците во Алборг. „Црвено-жолтите“ се надминаа себе си и одиграа фантастичен натпревар на дебито на Кире Лазаров како селектор-играч. Сепак сега за вториот натпревар со Данска, Лазаров се соочува со проблем. Од составот отпадна Стојанче Стоилов поради повреда. Затоа во Алборг Лазаров ќе мора да се потпре на Жарко Пешевски и Никола Маркоски. Ќе потсетиме претходно пред вчерашниот натпревар за двата дуели отпадна Димитар Димитриоски. Дуелот помеѓу Данска и Македонија се игра во недела од 16:00 часот.