Македонија ги доби противниците во двете конкуренции на Светското училишно првенство

Од денес во Скопје ќе започне Светското училишно првенство во ракомет, со учество на 36 селекции.
Македонските тимови добија атрактивни групи. Во машкиот дел ќе играме со Република Српска, Грузија, Бугарија и Саудиска Арабија. Ракометарките ќе бидат во друштво на Белгија, Грузија и Словачка.
Свеченото отворање ќе биде денеска на Плоштад Македонија со почеток во 19:30 часот.