Македонија ги доби Словачка и Швајцарија за ривали во претквалификациите за СП во кошарка

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците во претквалификациите за Светското првенство (СП) кое во 2023 година ќе се одржи во Индонезија, Јапонија и Филипини.
Македонија како носител ќе игра во групата Ф од втората претквалификациска фаза, а на ждрепката се најде во група заедно со Швајцарија и Словачка.
Овие двете селекции се добро познати за нашата земја, затоа што против овие противници кошаркарите играа во претквалификациските фази за ЕП 2021. Македонија двапати беше подобра од Словачка, додека со Швајцарија победија во Скопје, но загубија гостински терен.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ, СП 2023:
ГРУПА Ф: Македонија, Словачка, Швајцарија
ГРУПА Ц: Шведска, Португалија, Австрија
ГРУПА Д: Летонија, Романија, Белорусија
ГРУПА Е: Црна Гора, Исланд, Данска