Македонија ги дозна противниците во претквалификациите за Мундијалот
По одигрувањето на последните натпревари од квалификациите за Европското првенство, станаа познати и сите учесници на европската зона од претквалификациите за пласман на Светското првенство во Индонезија, Филипини и Јапонија во 2023 година. По Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка кои се квалификуваа во првиот круг од квалификациите, преостанатите осум места беа пополнети со уште осум селекции од квалификациите за ЕвроБаскет 2022.
По неуспехот да се квалификуваат на 41. издание на водечката манифестација во Европа, Австрија, Данска, Летонија, Црна Гора, Македонија, Романија, Шведска и Швајцарија ќе го започнат патот кон Светскиот куп во 2023, од второто коло на Европските претквалификации, кои треба да се одржат во август 2021 година.
Овие 12. национални тимови ќе се натпреваруваат во четири групи од по три екипи за вкупно осум места на пласман на европските квалификации за Светскиот куп. Место во регуларниот дел од квалификациите ќе изборат најдобрите две нации од секоја група.
Датумот и распоредот на натпреварите, и ждрепката на групите ќе бидат потврдени во подоцнежна фаза.
Директен пласман во квалификациите за Мундобаскетот обезбедија 24. селекции, учесници на Европското првенство.
Од вкупната бројка на учесници во квалификациите за Светскиот Куп-32, место во завршниот дел ќе обезбедат 12. европски репрезентации.
Светскиот шампионат за прв пат од постоењето, ќе се игра во повеќе различни држави во светот, односно во Индонезија, Филипини и Јапонија.