Македонија ги победи Фарски Острови и го заврши најуспешниот циклус

Македонската сениорска фудбалска репрезентација ја оправда фаворитската улога и славеше над Фарски Острови со 1-0 во последниот меч од Лигата на нации.

Од претходно ни беше обезбедено првото место во групата и местото во Б дивизијата, но без разлика на тоа дојдовме до ново славје, петто во низа во оваа конкуренција и со тоа остануваме во игра за баражот за пласман на Светското првенство кое е на програмата во 2026 година.

На денешната средба можеби ни недостасуваше свежина, меѓутоа дојдовме до посакуваната цел со голот кој во вториот дел беше дело на напаѓачот на Џирона, Бојан Миовски. Атанасов испрати топка по која гостите не реагираа на соодветен начин, поточно грешката максимално беше искористена од Миовски кој погоди за радост на навивачите на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.