Македонија го добива противникот во баражот, Украина најпосакуван ривал

Шеснаесет репрезентации меѓу кои и Македонија, денеска ќе се најдат во садовите од каде ќе се одредуваат двојките за плеј-оф натпреварите за пласман на Светското првенство во 2026 година. 12 второпласирани селекции од групната фаза на квалификациите плус четири репрезентации кои се квалификуваа преку Лигата на нации на УЕФА ќе ги добијат своите ривали во плеј-оф полуфиналето, но и можните ривали за финалниот бараж меч кој ќе води на Мундијалот.

Потврдени во плеј-офот како второпласирани од квалификациите во Европа се:

Албанија, Босна и Херцеговина, Чешка, Данска, Италија, Косово, Полска, Република Ирска, Словачка, Турција, Украина, Велс, додека четирите селекции кои преку Лигата на нации дојдоа до баражите се: Македонија, С. Ирска, Романија и Шведска.

Според рејтиногот познати се и четирите шешири од кои ќе се одредуваат двојките за полуфиналните дуели. Македонија е во четвртиот шешир и ќе очекува за противник една од селекциите во првиот шешир.

Шешир 1: Италија, Данска, Турција, Украина
Шешир 2: Полска, Велс, Чешка, Словачка
Шешир 3: Ирска, Албанија, БиХ, Косово
Шешир 4: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска

Ждрепката за баражот за СП 2026 е закажана на 20 ноември, со почеток од 13:00 часот.