Македонија го надигра Луксембург во Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија со 3-1 (23:25, 25:21, 25:20, 25:13) славеше над Луксембург во вториот натпревар од овогодинешното издание на Европската лига.

На турнирот кој се играше во салата „Парк“ во Струмица, Македонија забележа победа против Луксембург, таа доаѓа по поразот од Холандија во првото коло.

Избраниците на Јошко Миленкоски се мачеа да го скршат отпорот на противникот во првиот сет, а техничките грешки беа причината што истиот го загубија на разлика 23:25. Во продолжението квалитетот, но и истрајноста на нашите одбојкари дојде до израз и со комплетен превсрт стигнаа до победата од 3-1.

Капитенот Никола Ѓоргиев со 30 поени беше прв поентер на натпреварот, додека средниот блокер Филип Савовски броеше до 11. Покрај нив Владо Милев реализираше осум поени, Лука Костиќ седум, Стојан Илиев шест, додека Филип Маџунков имаше четири поени.

Македонија следната недела патува за Атина каде го игра вториот турнир од Европската лига 2026 против домаќинот Грција и Исланд.