Македонија го освои ЕХФ шампионатот во Литванија

Македонската женска ракометна репрезентација во кадетска конкуренција го освои ЕХФ шампионатот во Литванија, откако во финалниот натпревар го совлада Исланд со 27:26.
Ива Младеновска беше прогласена за МВП на турнирот и очекувано се најде во идеалниот тим, заедно со Теодора Дукоска и Марија Јовановска.
Македонските ракометарки имаа безмалку перфектен настап на овој ЕХФ шампионат на кој загубија само од Шпанија во групната фаза.
Со овој успех, тие обезбедија пласман и на следното Европско првенство во оваа старосна категорија.