Македонија домаќин на УЕФА развоен турнир за фудбалерки до 16 години

Во периодот од шести до 11 мај во Струмица ќе се одржи развоен турнир на кој покрај Македонија ќе настапат и женските селекции до 16 години на Косово, Сан Марино и Андора.
Натпреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот Горан Пандев и во Турново. Во првото коло кое е на програмата на шести овој месец се среќаваат репрезентациите на Македонија – Сан Марино (Стадион Пандев) почетокот е закажан за 12 часот додека од 15 и 30 стартува дуелот Косово – Андора (Стадион Кукуш – Турново)
В петок на осми мај во Струмица од 15:30 часот почнува натпреварот Македонија – Андора додека од 12:00 во Турново се среќаваат Косово – Андора. Во последната рунда која е на програмата на 11 мај, Македонија во Турново е домаќин на Косово и овој меч се игра во Турново со почеток од 13:00 часот додека во Струмица од 10:00 часот играат Сан Марино и Андора.
Репрезентацијата до 16 години ја предводи селекторката Катерина Милеска која за овој турнир ги повика следниве фудбалерки: