Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

U21 SERBIA vs N MACEDONIA Beograd, 12.11.2026. foto: Nebojsa Parausic Fudbal, Srbija, Severna Makedonija

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски одиграа борбен и солиден натпревар против квалитетен противник, но не успеаја да го крунисаат својот настап со позитивен резултат.

Србија поведе во 16. минута преку Вељко Милосавлевиќ, а со минимална предност на домашната селекција се замина на пауза.

Во второто полувреме Таневски направи повеќе измени, давајќи можност за настап на поголем број фудбалери.
Македонија имаше неколку добри моменти, во 64. минута Трајков ја погоди мрежата по асистенција на Велков, но погодокот не беше признат поради офсајд. Двапати се заканивме со удари кои завршија покрај стативата, а во последните десет минути се обидовме да наметнеме посилен притисок и да стигнеме до израмнување. Сепак, без конкретна реализација пред противничкиот гол. Во судиското продолжение Србија ја искористи можноста за втор погодок, а конечните 2-0 ги постави Ѓорѓе Петровиќ во 92. минута.