Македонија и Ерменија ќе играат пријателски натпревар во Струмица
Фудбалската федерација на Македонија и Фудбалската асоцијација на Ерменија го потврдија контролниот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Ерманија.
Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17. октомври на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 15:00 часот. Последниот меч против Ерменија го одигравме на 11. ноември 2021 година во квалификаците за СП 2022. Во Ереван, репрезентацијата на Благоја Милевски славеше со убедливи 5:0.
Македонија и Ерменија досега имаат одиграно вкупно 12 натпревари. Нашата селекција има 5 победи, на три меча немаше победник, Ерменија славеше три пати. Последен пат, противникот се радуваше на триумф во Никозија во меч за првото место во групата од Лига на нации.