Македонија коорганизатор на ЕП во одбојка во 2023 година

Македонија и љубителите на одбојката добија одлични вести, а тоа е дека нашата земја ќе биде организатор на една до групите на Европското првенство во одбојка за сениори кое е закажано за 2023 година. Првиот човек на Европската одбојкарска конфедерација Александар Боричиќ гостуваше во нашата земја и ја соопшти добрата вест на состанокот со премиерот Зоран Заев и претставници на Одбојкараската федерација на Македонија. „Сега кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една група од сениорското машко Европско првенство во 2023, можам да кажам дека Одбојкарската федерација на Северна Македонија им се доближи на најдобрите организатори на големите одбојкарски настани во Европа“, рече Боричиќ. Македонската одбојкарска репрезентација игра одлично во изминатите неколку години, а со тоа обезбеди пласман и настап на две Европски првенство, што е доволен показател дека се работи добро за развојот на овој спорт во нашата држава.