Македонија носител во ждрепката за претквалификациите за СП во кошарка
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација денес ќе ги дознае ривалите за претквалификациите за Светското првенство во 2023 година. На ждрепката, нашиот национален тим ќе се најде како носител заедно со Црна Гора, Летонија и Шведска.
Како можни ривали во претквалификацискиот дел се репрезентациите на Романија, Данска, Австрија и Швајцарија од вториот и Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка од третиот шешир.
Пласман во следната фаза обезбедуваат првопласираните две селекции од секоја од четирите групи.