Македонија остана на 65.позиција според рангирањето на ФИФА
Фудбалската репрезентација на Македонија, 2022 година ќе ја заврши на 65.позиција од ФИФА ранг листата.
Најдобриот пласман за оваа година, нашата фудбалска селекција го оствари во март оваа година после победата во бараж дуелот со Италија, кога се најде на 62.место на листата.
Освојувачот на титулата на Мундијалот во Катар, репрезентацијата на Аргентина, го подобри својот ранг и сега се најде на второто место на рангирањето од ФИФА, веднаш зад селекцијата на Бразил. Третата позиција му припадна на Франција, додека Белгија има пад од едно место поради слабиот настап на Светското првенство, и сега е на четвртата позиција.
Во 10 најдобри фудбалски репрезентации се наоѓаат и Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија.