Македонија остана 74-та на ФИФА ранкинг листата

Македонската фудбалска репрезентација остана на 74-тото место на новата ранг листа на ФИФА.
Избраниците на Благоја Милевски во месецов одиграа два меча и тоа победија во Вадуц против Лихтенштајн со 4:0 а потоа со истиот резултат беа совладани во Скопје од фаворитот Германија.
Во топ 10 нема промени, лидер е Белгија пред Бразил и Франција. Натаму се наредени Италија, Англија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и Данска.