Македонија оствари убедлива победа над Турција

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа во квалификациите за Европското првенство 2024. година, совладувајќи ја Турција на гости со резултат 36:27.
Со оваа победа Македонија е на чекор до обезбедување пласман на ЕП, и до крајот на квалификациите борбата ќе биде со Португалија за освојување на првото место во групата кое би значело и подобра позиција на жребот за одредување на групите.
Најдобар стрелец на средбата беше Талески со седум постигнати гола, а се истакнаа и голманите Митревски со седум и Томовски со шест одбрани.