Македонија падна за две места на ФИФА листата

ФИФА денес ја објави новата ранг листа на репрезентациите, а по септемврискиот циклус од квалификациите за СП има одредени промени.

Според очекувањата , по трите нерешени резултати, Македонија е со пад на ранкингот од две позиции и сега е на 74-та позиција. Избраниците на Благоја Милевски загубија околу два и пол поени и од 1345,47, паднаа на 1342,92 според новите рангирања. Македонија шанса за поправење на ранкингот ќе има веќе во октомври кога игра против Лихтенштајн на гостински терен, потоа со Германија пред својата публика и уште едно гостување кај Ерменија.

На врвот на ФИФА ранг листата лидер остана Белгија пред Бразил, Англија и Франција. Во првата десетка се уште Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска.Од нашите противници Германија е на 14-то место, Романија е 42-ра, Исланд е 60-ти, додека Ерменија е на 89-то место.