Македонија падна на ФИФА листата зас две места, Аргентина се врати на врвот

Светската фудбалска федерација (ФИФА), ја објави последната листа пред стартот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Актуелниот светски првак, Аргентина, на Мундијалот ќе доппатува и како број 1 на листата на ФИФА. „Гаучосите“ напредуваа за две позиции, а два позиции паднаа Французите, тие се трети на оваа листа. Меѓу Аргетина и Франција се наоѓа Шпанија.

На најновата листа, македонската фудбалска репрезентација назадуваше, по ремито со Босна и Херцеговина и поразот од Тирција.Македонија се наоѓа на 69-то место, што во однос на претходното рангирање, преставува пад од две места.

Пред Македонија, меѓу другте на листата се Зеленортските острови, Обединетите Емирати, Хондурас, Албанија, Босна и Херцеговина, Јордан…

Топ 10 на ФИФА листата: Аргентина, Шпанија Франција, Англија, Португалија, Бразил, Мароко, Холандија, Белгија и Германија.