Македонија потфрли во вториот дел и загуби од Словенија во Скопје

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Словенија со 26-32 во квалификацискиот натпревар за Европското првенство, кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Момците на Кирил Лазаров покажаа две лица на овој натпревар, одигравме одлично во најголемиот дел од првото полувреме, но попуштивме во вторите триесет минути.

Македонија одлично го почна натпреварот, во текот на првиот дел имавме предност и од шест голови разлика, беше 11-5 за нас, но како одминуваше времето Словенија почна да ја топи нашата предност. Првото полувреме заврши со водство на македонската репрезентација од 16-15.

Во вториот дел Словенија брзо излезе од негатива, Македонија особено падна во финишот од мечот во кој противникот направи серија од 5-1 и на крајот победи со убедливи 26-32.

Филип Кузмановски со десет голови беше најефикасен наш ракометар, Митев постигна пет, а Пешевски четири. Митревски запиша девет одбрани.

В недела овие две селекции играат во Копер, во рамките од четвртото коло на квалификационата група.