Македонија скапо ја продаде кожата, но сепак загуби во тестот против Хрватска

Ракометната репрезентација на Македонија прикажа добра игра, но загуби во последниот натпревар пред Светското првенство вечерва против Хрватска со 27-25 (13-14). Момците на Лазаров одиграа квалитетен натпревар и одлично парираа на силниот ривал, а во првите 30 минути имавме и предност. Хрватска во самиот финиш успеа да се „одлепи“ и да стигне до победата.
Клучни во последните моменти беа одбраните на голманот Пешиќ, но имаше и неколку исклучувања во нашите редови.
Вечерва најефикасен во нашите редови беше Атанасијевиќ со пет гола, Костески постигна четири, а Кузмановски и Серафимов по три.
Ваквиот настап на Македонија може да ни даde надеж за добро издание на Мундијалот, кој го стартуваме против Унгарија на 15 јануари.