Македонија со осум спортисти ќе замине на ЛОИ во Токио
МОК ја објави листата на спортисти кои ќе настапат на престојните ЛОИ во Токио.
Конечната листа на најдобрите македонски спортисти – Олимпијци кои ќе настапат на одложените Олимписки игри ТОКИО 2020 (23 Јули – 8 август 2021 година) е следната:
Блажевска Еминова Миа – пливање 100 м.
Бранковски Борјан – спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол
Георгиевски Дејан – таеквондо – +80 кгр
Деркоски Филип – пливање 400 м.
Јованоска Пулексенија – карате – Ката
Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил – 97 кгр
Реџепи Арбреша – џудо – 52 кгр
Стојоски Јован – атлетика 400 м.
Првата група спортисти, членови на Олимписката делегација на МОК ќе заминат за Токио на 16 Јули 2021 година (Скопје – Виена – Токио).
Први од македонските спортисти ќе настапат Филип Деркоски (пливање – 400 м.) и Борјан Бранковски, спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол кои на Олимписките игри ќе настапат на 24 јули.
Арбреша Реџепи (џудо – 52 кгр) ќе настапи на 25 Јули, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во нејзината категорија.
Георгиевски Дејан, (таеквондо) во категоријата +80 кгр ќе настапи на 27 Јули, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во неговата категорија. Миа Блажевска Еминова ќе настапи на трката на 100 м. (пливање) на 28 Јули.
Јованоска Пулексенија (карате, кати) ќе настапи на 5 август, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал. Стојоски Јован (атлетика) во трката на 400 м. ќе настапи на 1 август, а финалето на оваа трка е на 2 август 2021 година.
Последен на Олимписките игри ТОКИО 2020 ќе настапи Нуров Магомедгаджи (борење слободен стил, 97 кгр.). Неговите борби во осмина финалето започнуват на 6 Август, а следниот ден ќе се одржат и борбите за медал во оваа категорија.
Шеф на македонската олимписка делегација на одложените Олимписки игри ТОКИО 2020 ќе биде спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, а во делегацијата одговорен за здравствениот статус на македонските олимпијци ќе биде д-р Небојша Настов.