Македонија со победа ги заврши претквалификациите

Македонската кошаркарска репрезентација со победа од 82-75 против Унгарија го заврши настапот во претквалификациите за Светското првенство во 2027 кое ќе се одржи во Катар.
Во СРЦ „Кале“ во меч без резултатско значење околу местата на табелата, нашата подмладена селекција покажа повеќе од противникот и сосема заслужено ја однесе победата. Во нашиот табор Вајли беше најпрецизен со 23 кошеви пред Митревски и Ташовски со 14 поени.
На крајот во нашата група Романија и Унгарија продолжија во квалификациите додека Македонија заврши на последното место со една победа и три пораза.