Македонија со победа ги отвори квалификациите за ЕП

Нашите најдобри одбојкари со победа ги стартуваа квалификациите за Европското првенство. Тие во СЦ Борис Трајковски во Скопје славеа против селекцијата на БИХ со 3-1 по сетови: 27-25, 25-21, 23- 25, 25-19.
Во првиот сет аутсајдерот во групата пружи силен отпор и моравме да се измачиме за стартна предност. Во вториот рутинирано дојдовме до 2-0 , но, во третиот попуштивме а противникот тоа го искористи за да внесе неизвесност во мечот. Во последниот сет Македонија одигра колку што требаше за да ги прокнижи првите бодови. Утре ние сме слободни додека в среда од 18:00 часот ќе излеземе на мегдан со фаворизираната Турција.
Двата турнир од групата Ц ќе бидат во Скопје во краток временски период бидејќи Данска се откажа од учеството. Пласман на ЕП ќе обезбеди вкупниот победник во групата како и петте најдобри второпласирани селекции од седумте квалификациски групи.