Македонија со свој најлош пласман во историјата на Европските првенства
После комплетирањето на првата фаза од Европското првенство во ракомет, се дозна и конечниот пласман на нашата репрезентација.
Македонија првенството го заврши на 22-то место,со 0 бодови и 3 порази, што претставува најлош пласман на нашата ракометна репрезентација на Европските првенства досега.
Поради својот лош пласман на турнирот, нашата селекција нема да биде носител при ждрепката за Светското првенство во 2023 година и своето учество ќе го бара со играње на две бараж средби.