Македонија Ѓорче Петров го доби дербито со Брегалница и се врати на врвот

Фудбалерите на Македонија ЃП ја совладаа Брегалница со 3-0 во дербито на 11. коло меѓу претендентите за влез во елитата. Дарко Размоски донесе водство за ѓорчепетровци во првото полувреме, а во вториот дел домаќинот го завери триумфот со уште два погодока. Стрелци беа Стоилов и Софијаноски.

Башкими ја оправда фаворитската улога против Осогово и славеше со 5-1, па сега со Македонија Ѓорче Петров го дели врвот. Меметриза Хамза и Хусеин Демири постигнаа по два гола, а и Аган Сулимани погоди за тимот на Башкими.

На врвот на табелата е Македонија ЃП со 26 бода, исто колку што има и Башкими. Брегалница остана на 24, Арсими се приближи со бод помалку, а тука некаде е и Охрид со 20 бода.