Македонија Ѓорче Петров остана без најдобриот напаѓач
Калид Абдул Басит и официјално го комплетираше трансферот од Македонија Ѓорче Петров во Есперанс од Тунис.
Интернационалецот од Гана имаше одлична полусезона во дресот на „Лавовите“, каде на 14 натпревари постигна осум голови и запиша три асистенции.
Клубот од Ѓорче Петров не чекаше, па веднаш ангажираше нов напаѓач во тимот, а Самир Фазли е директната замена за Калид.
