Македонија ЃП се раздели со тренерот Жикица Тасевски

Нашиот фудбалски прволигаш и тренерот, Жикица Тасевски, спогодбено ја прекинаа соработката откако „лавовите“ вчера загубија на домашен терен од Струга со 2-3.
„Како чин на морална одговорност одлучив да се разделам со Македонија ЃП. Благодарност до раководството со желба да успеат да се пласираат на едно од местата кои водат во Европа“ – изјави Тасевски.
Екипата од Ѓорче Петров во последните четири кола на дуелите со Пелистер, Шкупи, Шкендија и Вардар, ќе се обиде да обезбеди виза за Европа.