Македонија ја заврши годината на 67-то место на ФИФА листата
Македонската фудбалска репрезентација ја заврши годинава на 67 место на ФИФА ранг листата бидејќи во изминатиот период немаше активности.
Тоа значи дека со 1367,23 поени го задржавме местото од претходното рангирање. Наредниот предизвик за нашите фудбалери ќе биде мартовскиот бараж со Италија за место на Мундијалот во Катар.
На врвот останува Белгија пред Бразил и Франција. Во Топ 10 остануваат Англија, Аргентина, Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.