Македонија ќе биде домаќин на претквалификациите за кошаркарскиот Мундијал
Бордот на ФИБА Европа донесе одлука Скопје да биде домаќин на еден од турнирите како дел од претквалификациите за пласман на Светскиот кошаркарски Куп во 2023 година.
Тоа значи дека во терминот од 12 до 18 август ќе бидеме домаќини на Швајцарија и Словачка. Ќе се игра по принципот секој со секого по два меча.
Првите две репрезентации од групата ќе заминат во квалификациите за Мундијалот. Другите три претквалификациски турнири ќе бидат одиграни во Португалија, Летонија и Црна Гора.