Македонија ќе има три претставници во АБА2 лигата
Македонија следната сезона ќе има три претставници во второлигашката конкуренција во АБА лигата.
Освен шампионот МЗТ Скопје и вицешампионот Пелистер, во АБА-2 лигата ќе игра и екипата на Работнички, која го освои третото место во македонската лига.
Сега се познати и шеширите за новата сезона, која ќе се игра по нов формат, со четири групи со по четири екипи и со натпревари дома-гости.
Ждрепката за новата сезона во АБА-2 лигата ќе биде извршена на 15 јули.