Македонијa ќе ги почне олимписките квалификации од Полска или Естонија
Од 12 до 20 август во Естонија и Полска, ФИБА предвиде два од трите турнири на европскиот континент, последниот ќе се игра во Истанбул
Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе биде дел од осумте европски селекции кои ќе играат во Талин, на еден од трите предвидени турнири во европската зона на ФИБА. Поточно во Талин, односно Гливице и Истанбул, вкупно 32. национални селекции од Европа ќе се поделат во четири групи (по осум учесници).
Согласно со предвидениот план, групите „А“ и „Б“ (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршната во полскиот град), а групите „Ц“ и „Д“ во Турција.
Како осми носител, Македонија заедно со Португалија, за противници во првата, групна фаза, може да ги добие селекциите кои се во првата група на носители (Чешка или Полска), во четврттата (Израел или БиХ),односно петтата (Унгарија или Естонија).
Турнирите ќе се играат во периодот од 12 до 20 август, а само победниците ќе се стекнат со право да играат во олимписките квалификации за настап на Олимпијадата во Париз во 2025 година.
Нешто подоцна е предвидено да се формираат и натпреварувачките групи на турнирните кои освен Европа, ќе се играат и во Лагос (Африка), во Аргентина ќе се игра во американската зона (градот ќе биде подоцна потврден), исто како што се очекува и потврдата за организаторот на турнирот во Азија.