Македонската селекција во традиционално карате замина за Полска

Македонските претставници во традиционално карате ќе земат учество на ИТКФ Меѓународниот куп кој ќе се одржи на 14 март во Краков.

Боите на Македонија на овој турнир ќе ги бранат петмина натпреварувачи: Камелија Недев, Софија Јарчевска, Филип Недев, Максим Поп Трпев и Тадеј Недев.

Според најавите на организаторите, на турнирот ќе учествуваат дури 879 натпреварувачи од 22 земји, што го прави еден од најголемите настани во календарот на традиционалното карате во Европа.