Македонската федерација дел од конференцијата „Откажи родово базирано насилство“

Како дел од проектот „Откажи родово базирано насилство“, во просториите на Арената „ОАКА“ во Атина се одржа извонредна конференција организирана од страна на Грчката кошаркарска федерација, а во соработка со партнерските организации, меѓу кои и Македонската кошаркарска федерација.
Конференцијата беше модерирана од проектниот менаџер на грчката кошаркарска федерација, а говори одржаа претседателите на грчката и на кипарската кошаркарска федерација.
Настанот ги претстави целите на проектот, достигнувањата и тековните активности од неговиот почеток во 2022 година.
Дискусиите ја нагласија важноста од спречување на родово базирано насилство во спортот и потребата од ефикасни системи за пријавување, кои ќе обезбедат поддршка за сите жртви.
Заедно, работиме на зголемување на свеста, одговорноста и позитивните промени во спортските заедници, гласи пораката која е испратена од присутните на собирот во главниот град на Грција.