Македонската футсал селекција доби нов селектор

Македонската футсал репрезентација ќе добие нов селектот во втората половина од годината. Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја прифати оставката на Васко Скендеровски од функцијата селектор на македонската футсал репрезентација.

Фудбалската федерација на Македонија му се заблагодари на долгогодишниот предводник на футсал селекцијата за неговиот придонес и посветеност во развојот на македонскиот футсал.

Газмент Исеини е назначен за нов селектор на футсал македонската репрезентација. Исеини е тренер на актуелниот првак и Куп освојувач, Форца 2015, тим кој учествуваше во главната квалификациска рунда во Лигата на шампионите. Во изминатите години, беше дел од стручниот штаб во А футсал репрезентацијата.