Македонскиот одбојкарски селектор именуван за тренер на ПАОК
Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ, од денеска е нов тренер на грчкиот клуб ПАОК каде настапува репрезентативен техничар, Филип Деспотовски.
Од клубот ја потврдија соработката со 67-годишниот српски стратег кој поголемиот дел од својата тренерска кариера ја мина водејќи екипи од Франција, а работеше и во Тунис и Летонија.
Матијашевиќ е на клупата на Македонија од 2018 година и под негово водство обезбедивме историско прво учество на Европскиот шампионат во 2019 година, а меѓу најдобрите на стариот континент ќе бидеме и на претстојното Европско првенство.
