Македонските одбојкари ќе играат во Софија во групната фаза на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација ја очекува настпа на четврто Европско првенство во низа.
Среќата посака избраниците на ЈошкоМиленковски да се најдат во група заедно со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел. Домаќин на оваа група ќе биде Бугарија, но се чекаше да се види кој ќе биде градот организатор. Иако првично беше најавено дека групата ќе се игра во Варна, потоа дојде до промена откако ЦЕВ во соработка со Бугарската одбојкарска федерација ја смени одлуката.
„По вонредниот состанок на Управниот одбор на Бугарската одбојкарска федерација, донесена е одлука Софија да биде град-домаќин на ЕвроВолеј 2026 во Бугарија“, објавија од федерацијата.
Ова е добра вест за нашата репрезентација, бидејќи Софија е значително поблизу од Варна, па постои можност за поголема поддршка од трибините на македонските репрезентативци.