Македонските олимпијци пристигнаа во Италија

Македонската делегација која ќе учествува на зимските олимписки игри во Кортина денеска пристигна во Милано. Во неа се четири натпреварувачи и шест официјални лица предводени од шефот на делегацијата, Цветанка Макаровски“ стои во објавата на МОК.

Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Милано Кортина ќе се одржи на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано в петок, 6 февруари, со истовременицеремонии и паради на спортисти што ќе се одржат низ северна Италија на олимписките објекти во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо“ – се наведува во објавата на МОК.

Македонија на Игрите ќе ја претставуваат: Јана Атанасовска во алпско скијање ќе се натпреварува во слалом и велеслалом, Виктор Петков ќе настапи во алпските дисциплини велеслалом и слалом, Ставре Јада, ќе биде во нордиските трки спринт и 10 км интервал старт. Таму ќе ја имаме и Ана Цветановска во спринт и 10 км интервал старт.