Македонските ракометари ќе ги дознаат ривалите за евро-квалификациите

Денес ќе бидат формирани квалификациските групи за Eвропското првенство во ракомет во 2028 што ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Македонија се наоѓа во вториот шешир заедно со Србија, Италија, Фарските Острови, Полска, Холандија, Австрија и Чешка. Тоа се земјите со кои не може да играме. Во првиот по квалитет шешир се сместени Хрватска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Норвешка, Словенија, Шведска. Во третиот, Белгија, БиХ, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора, Романија, Украина додека во улога на аутсајдери ќе бидат извлечени: Естонија, Финска, Израел, Косово, Летонија, Луксембург, Словачка и Турција.
Квалификациите ќе започнат годинава на 5 ноември а ќе завршат на 9 мај во 2027. Првите две селекции од секоја група ќе одат директно а друштво ќе им прават и најдобрите четири третопласирани.