Македонските судии ќе го водат дуелот на Унгарците и Исланѓаните

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со настапите на Европското првенство и ја добија одговорноста да ја делат правдата на натпреварот помеѓу Унгарија и Исланд.

Двете селекции се среќаваат во вторник во терминот од 20:30 часот во Кристијанстад а овој дуел ќе се одигра во рамки на групата Ф, каде токму овие селекции се лидери на табелата.

Од исходот на овој дуел ќе се знае која селекција ќе пренесе бодови во следната фаза. Натпреварот ќе претставува директна битка за првото место, па затоа се очекува голема битка и фер судење од нашите арбитри.