Македонските тенисери поведоа во Дејвис Куп дуелот со Малта

Македонската тениска репрезентација поведе со 1-0 во мечот против Малта од првото коло од Дејвис купот Трета Европска група што се игра во Скопје.
Првиот поен за Македонија го донесе Берк Бугариќ, кој по 1 час и 50 минути го совлада Лиам Деликата со 2-0 во сетови (7-6 (2) и 6-2).
Бугариќ добро стартуваше во мечот и поведе со 2-0 во гемови, но потоа следуваше пад во играта и противникот направи пресврт за водство од 3-2. Во следните три гема повторно имаше брејк ба двете страни и резултатот беше 4-4 во гемови. До крајот на сетот немаше брејк и по 6-6 првиот сет се решаваше во тај брејк. Бугариќ направи серија од пет поени за водство од 5-0 и таа предност ја зачува до крајот. и гемот го доби со 7-2.
Во вториот сет Деликата поведе со 1-0, но набрзо Берк со серија од четири гема направи комплетен пресврт за водство од 4-1 и сетот го доби со 6-2 и со тоа донесе водство.
Во вториот меч за Македонија настапува Стефан Мицов, додека во игра на двојки се пријавени Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ.
Поради повреда денес за Македонија нема да настапи најдобриот тенисер, Калин Ивановски.