Македонските јуниори вторпат поразени на Европското првенство

Во второто коло, селекцијата на Македонија до 18 години имаше подобро издание од вчерашниот дебакл против Литванија,што сепак беше доволно само за позитивен резултат во мечот против врсниците од Грција.
Машката јуниорска селекција на Македонија со 55-83 го загуби и вториот натпревар на Европското првенство од Дивизијата „А“ кое се игра во главнито град на Србија, Белград.
Многу подобра игра прикажа нашата селекција „Под 18“ години во дуелот со Грција. Сепак, по релативно изедначениот почеток, јужните соседи направија видлива предност. И на истекот на првата четвртина, имаа водство од (27-13).
Не се променија многу работите на теренот ниту во вториот период, оној во кој противникот изгради уште поубедлива, двојно поголема предност (46-23).
Дел од играта во која Јаничиќ и Данев имааа по седум реализации во нашиот состав.
Третата четвртина беше и најдобрата за нашата селекција, ја реализиравме во наша корист, макар и со минимални (21-20), но покажавме дека можеме да бидеме и далеку поконкурентни во битките со поквалитетните репрезентации во елитната „А“ дивизија.
Данев се промовираше во прв стрелец во нашата репрезентација. Реализираше 17 поени, имаше и пет скока и две успешни додавања во три одиграни четвртини во кои Грција ја задржа високата предност (66-44).
По девет поени имаа Сребров и Ѓорѓевиќ (плус осум скока), додека Јаничиќ застана на бројката од седум реализации (плус шест скока и исто толку додавања) колку што имаше и Најков.
По две одиграни кола во групата Ц, Македонија има два порази, Грција е на половиченн ефект, (1-1). Нешто подоцна, од 18:30 часот, ќе играат репрезентациите на Србија и Литванија.
Во третото коло од групната фаза, утре навечер од 18:30 часот, Македонија игра против селекцијата на Србија.