Македонски судии ќе го водат грчкото дерби во Солун

Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев на покана на Фудбалската федерација на Грција ќе го суди големото грчко дерби помеѓу Арис и Панатинаикос.

Дербито во Солун ќе се игра на 7-ми април, а на Ставрев ќе му помагаа Гоце Петрески и Дејан Костадинов.

Во грчкиот плеј-оф од првенството учествуваат шесте првопласирани екипи. На табелата во овој момент Панатенаикос е трет, додека Арис е на шестата позиција.