Македонското пливање доби нов претседател

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на денешното изборно Собрание на Националната пливачка федерација на кое за нов претседател беше избран, Сашо Лазаровски.

Министерот најави дека Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите кои со години го обременуваат овој спорт.

„Сакам да ги поздравам сите што ја прифатија мојата иницијатива за обединување во пливањето. Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите што беа натрупани и во најбрз можен рок сметката на федерацијата ќе биде одблокирана“ – рече министерот Ристовски.