Максвитис се спаси од отказ од клупата на Жалгирис

Литванскиот тренер Казис Максвитис беше пред отказ во Жалгирис по поразот од Партизан во Евролигата што беше трет едноподруго натпревар без победа, се споменуваше и Тринкиери како негов заменик, но на крајот ништо од тоа. Играчите на Жалгирис застанаа зад Максвитис и му ја сочуваа работата.

Како што пишува литвански „Баскет њуз“ се случил пресврт во таборот на Жалгирис затоа што играчите не се сложиле со одлуката на раководството да го смени тренерот.

Поради тоа, раководството одлучи да ја промени одлуката и да не го менува тренерот кој е во литванскиот клуб од април 2022 година.

Максвитис успеа да му ја донезе на Жалгирис двојната круна во Литванија, додека во оваа сезона веќе има два порази во домашниот шампионат и слаб скор во Евролигата (5-9).