Макс Верстапен е победник на трката во Остин

Возачот на Ред Бул тимот, Макс Верстапен е победник на трката од Ф1 шампионатот, која се возеше за големата награда на САД, во Остин, Тексас.
Во одлична тактичка трка и рана промена на гумите во боксот , Верстапен го врати водството кое до 29-от круг го имаше актуелниот шампион Хамилтон и го задржа до крајот на трката.
За Холанѓанецот Верстапен ова беше 9-та победа сезонава и 18-та во кариерата, но уште поважно е што за 12 поени ја зголеми предноста пред Хамилтон во генералниот пласман. Англичанецот Хамилтон трката ја заврши на втората позиција, а третото место на подиумот му припадна на вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.